За родители на деца од 1 до 4 години
Твоето дете разбира, ама не зборува доволно?
Онлајн логопедска процена и насока според начинот на кој твоето дете комуницира.
Ако твоето дете покажува, те влече за рака, користи малку зборови или се нервира кога не е разбрано, процената ќе ти помогне да разбереш како веќе комуницира и од каде да почнеш дома.
Побарај процена
Драгана Дојчиновска
Клинички логопед · 10+ години искуство
Дали ова ти е секојдневие?
Можеби твоето дете знае што сака, но тешко се изразува со зборови.
Покажува или те влече за рака
Те носи до предметот или местото, а ти се обидуваш да разбереш што сака.
Разбира, ама зборува малку
Разбира едноставни инструкции, но најчесто комуницира со гестови, звуци или неколку зборови.
Се нервира кога не е разбрано
Плаче или се лути кога не можеш веднаш да разбереш што сака.
Не знаеш што да пробаш дома
Слушаш разни совети, но не знаеш кој од нив да го примениш дома.
Првиот чекор е да разбереш како твоето дете комуницира во моментов.
Бројот на зборови не кажува сè
Бројот на зборови е важен, но многу кажуваат и овие моменти:
- како бара или покажува што сака;
- колку разбира;
- дали и како започнува комуникација;
- како реагира кога не е разбрано.
Затоа насоката треба да тргне од твоето дете и вашето секојдневие.
Онлајн логопедска процена
Првиот чекор за да знаеш од каде да почнеш
Ќе го проценам моменталниот развој на говорот и јазикот.
Проценка на говорно-јазичниот развој
Ќе добиеш подобра слика за тоа што твоето дете веќе користи и каде му е потребна поддршка.
Насоки за дома
Ќе добиеш почетни насоки што можеш да ги примениш низ игра и секојдневни рутини.
Препорака за понатаму
Ќе дознаеш дали можеш самостојно да ги применуваш насоките или ти е потребна дополнителна поддршка.
Извештај од процената
По процената ќе добиеш извештај за говорно-јазичниот развој со почетни насоки за дома.
Кој те води низ процесот
Јас сум Драгана Дојчиновска
Како клинички логопед, повеќе од 10 години работам со деца кои зборуваат или комуницираат помалку од очекуваното.
Во работата ми е важно насоките што ги добива родителот да можат реално да се вклопат во секојдневието на семејството.
Работам преку игра, секојдневни рутини и можности за комуникација, без притисок и форсирање.
Ќе те насочам како да го поддржиш твоето дете низ целиот процес.
Професионално искуство
- 10+ години искуство во процена и поддршка на говорот, јазикот и комуникацијата кај деца
- Рана интервенција и практична поддршка на родители
- AAC и асистивна технологија, вклучително и поддршка на деца кои не зборуваат или зборуваат многу малку
- Работа со деца со различни степени на говорно-јазични тешкотии
- Обуки и менторство во областа на комуникацијата, инклузијата и асистивната технологија
Како изгледа процесот?
- 01
Сподели што забележуваш
Во пријавата сподели како комуницира твоето дете и што најмногу те загрижува.
- 02
Добиј ги следните чекори
По пријавата ќе добиеш информации за закажувањето и сè што е потребно пред процената.
- 03
Онлајн логопедска процена
На договорениот термин ќе направам логопедска процена во траење од 45 до 60 минути. Во најголем дел од процената разговарам со тебе како родител, а детето може, но не мора да учествува.
Најчести прашања
Што добивам со логопедската процена?
Ќе добиеш процена на моменталниот говорно-јазичен развој, почетни насоки за дома, извештај и препорака за понатаму.
Дали ќе добијам конкретни активности за дома?
Да. Ќе добиеш практични насоки и идеи што можеш да ги примениш низ игра и секојдневни рутини, како оброк, бањање, облекување, игра со омилена играчка или читање сликовница.
Целта е овие насоки природно да ги вклучиш во вашето секојдневие.
Дали процената значи дека мора да продолжам со менторство?
Не. Процената е самостоен прв чекор и не те обврзува да продолжиш со менторство. Ако ти е потребна дополнителна поддршка во примената на насоките, тогаш можеме да разговараме за 4-неделното 1-на-1 менторство.
Што добивам во 4-неделното менторство?
Во менторството добиваш поддршка чекор по чекор додека ги применуваш насоките дома.
Вклучени се персонализиран водич, неделен план, лист за дневно следење, работни листови за рутини, неделни 30-минутни онлајн сесии и можност за кратки прашања преку Viber или WhatsApp кога има потреба.
Како функционира менторството и дали работиш директно со детето?
Фокусот е на тебе како родител. Детето не мора да седи пред екран.
Јас работам со тебе и те насочувам како да ги поддржиш говорот и комуникацијата на твоето дете во реални ситуации дома, низ игра и секојдневни рутини.
Што ако детето не почне да зборува по четири недели?
Развојот на говорот и комуникацијата е индивидуален и не може да се вети дека детето ќе почне да зборува во точно определен период.
Во менторството работиме со чекори што одговараат на моменталната комуникација на детето и со можности што можеш да ги создаваш дома.
Напредокот не се гледа само преку нови зборови. Важно е и дали детето покажува поголема желба да комуницира, користи повеќе гестови или звуци, полесно покажува што сака и има помалку фрустрација кога не е разбрано.
Добиј насока од каде да почнеш
Пополни ја пријавата за логопедска процена и направи го првиот чекор според потребите на твоето дете.
Побарај процена