Услови за користење
Вовед
Со пристапувањето и користењето на оваа веб-страница, како и со пополнувањето на пријавата за онлајн логопедска процена, потврдуваш дека си ги прочитал/а, разбрал/а и ги прифаќаш овие Услови за користење.
Намена на содржината
Содржината на оваа веб-страница има едукативна и информативна намена.
Информациите објавени на страницата:
- не претставуваат индивидуална логопедска процена;
- не претставуваат официјална медицинска дијагноза;
- не се замена за педијатриски преглед, медицинска процена или итна медицинска интервенција;
- не треба да се користат како единствена основа за донесување одлуки поврзани со здравјето или развојот на детето.
Доколку имаш сериозна загриженост за општото здравје или развојот на детето, обрати се кај матичниот педијатар или друг соодветен стручен кадар.
Онлајн логопедска процена
Со пополнувањето на пријавата не се врши автоматска логопедска процена и не се поставува дијагноза.
Информациите што ги споделуваш во пријавата се користат за подобро разбирање на причината поради која бараш процена и за договарање на следниот чекор.
Онлајн логопедската процена трае приближно 45–60 минути и се спроведува во договорен термин преку видео повик.
Процената првенствено се одвива како разговор со родителот. Детето може да биде присутно, но неговото учество не е задолжително.
Ако е корисно, можеш да подготвиш прашања, грижи, конкретни ситуации или кратко видео. Видеото и другите дополнителни материјали се опционални и не се услов за процената.
За време на процената се разгледуваат информациите што ги споделуваш за начинот на кој детето комуницира, што разбира, како покажува што сака и во кои ситуации му е потешко да се изрази.
По процената добиваш подобро разбирање за тоа како детето моментално комуницира, извештај од логопедската процена, усни насоки за дома и препорака за најсоодветниот следен чекор.
Менторството не е вклучено во процената, не е задолжително и може да биде предложено само по процената ако е соодветно.
Процената не претставува гаранција за конкретен резултат, развоен напредок или рок во кој ќе се појават промени.
Пријава и договарање термин
Со пополнувањето и испраќањето на пријавата не настанува автоматска обврска за плаќање.
По разгледувањето на пријавата ќе бидеш контактиран/а преку Viber или WhatsApp во рок до 48 часа со информации за следниот чекор и начинот на плаќање.
По извршената уплата ќе ти бидат испратени достапните термини за да избереш термин што ти одговара.
Терминот за процената се смета за договорен кога, по извршената уплата, ќе избереш еден од понудените достапни термини.
Плаќање, откажување и презакажување
Цената за онлајн логопедската процена е 2.400 денари и е прикажана во пријавата. Информациите за начинот на плаќање се испраќаат по разгледувањето на пријавата.
Уплатата вообичаено не се враќа.
Во непредвидени околности, презакажување е можно ако навремено ме известиш дека не можеш да присуствуваш во договорениот термин.
Ако не присуствуваш на договорениот термин без претходно известување, резервираниот термин се смета за искористен.
Ако морам да го откажам закажаниот термин, ќе ти понудам нов термин.
Враќање на уплатениот износ следува ако процената не може да се реализира поради причини од моја страна.
Авторски права и интелектуална сопственост
Содржината на оваа веб-страница, вклучувајќи ги текстовите, видеата, графичките елементи и дизајнот, е наменета за лично и некомерцијално користење.
Не е дозволено нејзино копирање, умножување, препродавање, преработување или јавно споделување без претходна писмена согласност.
Ова не го ограничува споделувањето линк до јавно достапна страница или објава.
Одговорност при користење на содржината
Општите совети и информации објавени на веб-страницата не се приспособени на потребите на секое дете.
Секое дете комуницира и се развива на различен начин. Затоа, примената на општи совети без индивидуална процена е на одговорност на родителот или старателот.
Насоките добиени во рамките на логопедската процена се засноваат на информациите достапни во моментот на процената.
Не може да се гарантира конкретен резултат, затоа што напредокот може да зависи од повеќе фактори, вклучувајќи ги потребите на детето, неговото секојдневие и начинот на кој се применуваат препораките.
Технички ограничувања
Онлајн процената зависи од интернет-конекција, уред, камера, микрофон и други технички услови што не се целосно под моја контрола.
Доколку поради технички проблеми процената не може да се спроведе, ќе се договори друг соодветен термин.
Не преземам одговорност за привремена недостапност на веб-страницата или надворешните дигитални услуги што се користат за пријавување и комуникација.
Приватност
Со користењето на оваа веб-страница и со пополнувањето на пријавата, потврдуваш дека си запознаен/а и со објавената Политика за приватност.
Личните податоци се обработуваат во согласност со информациите наведени во таа политика.
Промени на условите
Овие Услови за користење може повремено да се ажурираат поради промени во услугата, начинот на работа или применливите правила.
Секоја промена ќе биде објавена на оваа страница.